|
||||||||||||||||||||||||||||
Последни новости
-
За денес 27.01.2012 година (петок) планирани се крводарителни акции со вработените во установата „Даре Џамбаз“ во Скопје, со вработените во АД „Мартина“ во Штип, со вработените во ПС Гостивар, со граѓаните на Македонска Каменица, со вработените во ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и со вработените на ЈП „Стрежево“ во Битола.
-
РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од каменоломот на А.Д. Гранит - Бразда во која се наведува дека до сабота 28.11.2011 во периодот помеѓу 09.00 и 10.00 како и помеѓу 13.00 и 14.00 часот нивни екипи ќе изведат по едно минирања.
-
Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека заради дефект на водоводна мрежа од Ф – 2 цола на ул.Алија Авдовиќ бр.51, на ден 29.01.2012 год. (недела) секторот Водовод, ќе врши прекоп на целата улица. Поради тоа улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај, а истиот ќе биде пренасочен низ месноста „Попово Маало“. Без вода ќе останат корисниците од ул.Алија Авдовиќ во нас.Ченто. ( општина Гази Баба )
-
На ден 26.01.2012 год. (четврток) планирани се крводарителни акции со вработените во: АД Димче Митрев – Велес; АД Баргала – Штип; модна конфекција Единство – Струмица; Тутунски Комбинат – Прилеп; ЈСП – Ѓорче Петров и со жителите на Делчево и Кочани.
-
РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од Граничниот премин „Свети Наум“ во која се наведува дека од нивна страна е пронајдена НУС (бомба), за што веднаш РЦУК ја известил ДЗС Охрид. Од нивна страна се превземени активности за отстранување на истата.
Посетители
Има 9 гости присутни
Гледања на содржината : 290808


































