Вести

60 ГОДИНИ СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

Скопје денеска одбележува 60 години од земјотресот, кој го разори градот. Земјотресот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала и траел приближно 20 секунди. Бројот на загинати е проценет на 1.070, со над 4.000 повредени и повеќе од 200.000 лица без покрив над главата.

Вкупните економски загуби се проценети на околу 470 милиони американски долари (1963 година), што е еквивалентно на околу 3,9 милијарди американски долари во 2023 година. Покровителството на ОН одиграло клучна улога, во чии рамки преку 80 земји придонесоа со својата финансиска, техничка и друга помош.

Скопскиот земјотрес од 1963 година помогна да се премости јазот меѓу источниот и западниот блок за време на Студената војна. Скопје стана симбол на меѓународната солидарност и соработка.

Вчера, ден пред датумот кој означува 60 години од катастрофалниот Скопски земјотрес, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) одржа завршен настан од серијата настани по повод годишнината.

Центарот за управување со кризи со свои претставници учествуваше на настанот, а беа поканети и истакнати личности, професори, поранешни директори на институтот коишто со својата посветеност и научно-истражувачка работа во областа на земјотресното инженерство дадоа огромен придонес во развојот и работата на ИЗИИС.

Природните катастрофи од ваков вид, каков што беше овој земјотрес можеби не можат да се спречат, но затоа треба да не научат дека можеме добро да се подготвиме за да ги намалиме последиците.

Преку изградба на развиен и функционален систем за превенција и рано предупредување, можностите за намалување на последиците од вакви катастрофи се огромни.

Поврзани објави

Oдржана седница на Регионален штаб на ПО-РЦУК Прилеп

Web Administrator

Центар за управување со кризи – 18 години постоење, со благородната цел: – Безбедноста пред се! Qendra për menaxhim me kriza – 18 vjet ekzistencë, me qëllimin fisnik: – Siguria në radhë të parë!

Cuk Editor

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов присуствуваше на вториот состанок на високите национални претставници на Алијансата одговорни за отпорност во седиштето на НАТО во Брисел

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе