Сервисни информации

Почувствуван земјотрес во епицентрално подрачје Делчево – Берово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, 26.07.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 123 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 08 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани објави

Крводарителни акции

Cuk Editor

Електроснабдување

Cuk Editor

Почувствуван земјотрес во Битола

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе