Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, под раководство на директорот, Стојанче Ангелов, а во присуство на офицерот за врски на ЕУ механизмот за цивилна заштита, Клер Ковалецки, заседава од утрово во седиштето на ЦУК и ги разгледува пријавените ситуации и настани од кризната состојба со пожарите од поголеми размери на отворено во државата. При тоа. според развојот на настаните за ситуацијата со големите пожари на отворен простор, Главниот штаб за управување со кризи директно ги координира решенијата преку присутните претставниците коишто постојано се присутни на седниците, во име на министерствата, институциите и службите од Системот за управување со кризи (СУК).
Центарот за управување со кризи е одговорен за координацијата на своите и сите други потребни активности со сите учесници во Системот за управување со кризи, обезбедуваконтинуирана меѓусебна комуникација и соработка за прибирање на податоци и информации,информира и предлага мерки за ризиците и опасностите што можат да ја загрозат безбедноста на Републиката.