Вести

Работна посета на претставници од министерствата за одбрана на Словенија и Македонија

Во рамки на билатералната соработка помеѓу министерствата за одбрана на Словенија и на Македонија, претставници од двете министерства реализираа работна посета на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во рамки на средбата од претставниците на ЦУК беа презентирани надлежностите на Центарот и организациската поставеност на Системот за управување со кризи, по што следеше дискусија со цел размена на националните искуства од тематската област. Работната средба на крајот резултираше со кратка посета на Секторот Е-112 во ЦУК, каде што гостите имаа можност да се запознаат со работата на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Словенечката делегација беше составена од претставници на Секторот за цивилна одбрана при нивното министерство, а како дел од делегацијата беше и одбранбеното аташе на Словенија во земјата. Нашето министерството за одбрана на средбата учествуваше со претставници од секторите за политика и планирање и цивилно-воена соработка со регионални центри за одбрана.

Инаку, средбата во ЦУК се одржа на барање на претставниците на Министерството за одбрана на Република Словенија со цел запознавање со процесот на цивилна подготвеност и управувањето со кризи во земјата.

Поврзани објави

РЦУК Кичево организира успешна акција за дарување крв по повод 18 години од формирањето на ЦУК

Cuk Editor

Состојба по врнежите од снег

Cuk Editor

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и претседателот на мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва Кирил Михајлов, од 14 до 16 јануари 2025 година во Дубаи учествуваа на Глобалниот настан за подигнување на јавната свест, превенција, обуки и опрема за противпожарна заштита

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе