Кризни ситуации

ОПАСНА БЕЗДНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

Центарот за управување со кризи, на денешната прес конференција која ја одржа директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, укажа дека од страна на загрижени граѓани пред половина година е добиена пријава за постоење на опасност на кејот на реката Вардар во Скопје, на потегот позади хотел Русија во насока на мостот Близнак.

Од страна на ЦУК е излезено на лице место и е констатирана провалија длабока триесетина метри, со безмалку вертикална страна која во должина од педесетина метри ја следи ивицата на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време кога видливоста е значително намалена.

Порано на ова место постоела лимена ограда но истата веќе подолго време е отстранета.

Поаѓајќи од начелото на ЦУК, “сејфти фрст” односно, безбедноста на граѓаните на прво место, покажувајќи одговорност и ефикасност при заштита на граѓаните, ЦУК веднаш, во средината на јуни оваа година, испрати известување со барање за отстранување на оваа нескриена опасност до градот Скопје и општина Аеродром која поради ерозијата постепено се зголемува.

Од страна на градот Скопје итно беа преземени мерки за делумно намалување на опасноста со поставување на знаци за забрането движење и заштитна лента со укажување дека во наредниот период ќе се постави и лимена заштитна ограда. Воедно градот Скопје не извести дека самата провалија е во надлежност на општина Аеродром.

За жал неколку дена подоцна, несовесни граѓани ја скинале заштитната лента, ги откорнале знаците за опасност и ги фрлиле во провалијата.

Од овие причини ЦУК во уште неколку наврати побара интервенција од страна на градот Скопје но и по поминати шест месеци од нашето прво известување провалијата се’ уште е необезбедена.

Затоа, апелираме до градот Скопје и општината Аеродром, во согласност со нивните надлежности, итно да постават соодветна заштитна ограда која ќе ја гарантира безбедноста на многубројните граѓани кои од рекреативни причини пешачат, трчаат или возат велосипед или се движат со електрични тротинети, особено ако се земе во предвид зголемената опасност поради раното стемнување и слабата видливост ноќно време како и очекуваните претстојни ниски температури проследени со снежни врнежи или појава на голомразици.

Со огорчување сакам да укажам дека не треба да се чека некој да настрада, да загине или да се повреди а потоа поттикнати од трагедијата да се обезбеди ова опасно место.

“Сејфти фрст”!

Поврзани објави

Потрагата по исчезнатото лице во Крушевско продолжи и денеска

Web Administrator

ЦУК: ДЕНЕСКА Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ЖЕНСКОТО ЛИЦЕ КОЕ СЕ ФРЛИ ВО ВАРДАР

Web Administrator

ЦУК: Информација – второ тековно дополнување на информациите за изнаоѓање решение заштитна ограда за безбедност кај провалијата, на Кејот на Вардар во Аеродром во Скопје

Web Administrator

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе