Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 26.10.2020г. поради уличен  дефект на водоводна цевка со пречник Ф 150мм, на улица Црногорска бр 2. Прекин на  водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Црногорска, Кузман Шапкарев, ул.1223, Гостиварска, Кадињача, Андон Папрадишки, Александар Македонски, Андреј Зографски, Смилевска, Панајот Гиновски, Жеденска, Островска, Драговити и дел од Борис Сарафов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во време од 08:00 часот до завршување на дефектот. (општина Ѓорче Петров).

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 22.10.2020 (Четврток), поради дефект на шибер од Ф 80 мм на Бул.Св.Кирил и Методиј бр.48 во населбата Центар, без водоснабдување од 09:00 часот до санирање на дефектот ќе останат  корисниците од Бул.Св.Кирил и Методиј блок 4, блок 5 како и трите кули со бр.19, 21 и 23. (Општина Центар)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 20.10.2020 година (вторник) поради дефект на затварач Ф-300мм. и Ф-80мм.на ул.Ферид Бајрам пред Трудова Медицина . Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Ферид Бајрам, Трудова Медицина, Поликлиника Чаир, бул. Христијан Тодоровски Карпош, Населба Бутел 2, и со намален притисок ке бидат корисниците од населбата Чаир и Скопје Север. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на дефектот.  (општина Чаир , Бутел)

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека поради уличен дефект од Ф-150мм на бул.Александар Македонски бб во нас.Автокоманда, од 09:00 до 22:30 часот прекинато водоснабдување имаа корисниците на дел од Бул.Александар Македонски, дел од 16та-Мак.Бригада, ниската зона од ул.Јани Лукровски зг.4, 6, 8, дел од ул.Благоја Стефковски, СУЦ Коце Металец, додека со намален притисок беа некои делови од  населбите Маџари, Автокоманда и Сингелиќ (опш.ГазиБаба). Дефектот е делумно отстранет и на истиот повторно  ќе се работи на ден 18.10.2020  во истиот термин. Исто така, поради дефект Ф-80мм на ул.Груица Војвода 1/2 во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зг.5 и 6 и 30 куќи околу зградите. Водоснабдувањето е прекинато од 00:25 часот. На отстранување на дефектот ќе се работи денес од 08:30часот (опш.Бутел)