Од УХМР известуваат дека во следните денови времето ќе биде претежно сончево, но студено и повремено со мала до умерена облачност. Утрата ќе се најстудени денес и во четврток, а потоа температурата наутро малку ќе се покачи. Ќе продолжи да дува претежно северен ветер со слаб до повремено умерен интензитет.

Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Од УХМР известуваат дека денес и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.