Од УХМР известуваат дека времето денес ќе се биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти меѓу 9 и 16, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во среда и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во четврток попладне. Потоа од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе се биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени  со ретки грмежи.

Во текот на следната работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денес кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде pретпладне умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе биде посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 8 и 16, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, во текот на денот сончево и ветровито со повремено засилен северен ветер. Т-ра: 11 / 21 степен.