Од УХМР известуваат дека следува период на променливо облачно и постудено време со локален дожд, а на повисоките места и на планините снег. Услови за слаб снег ќе има и во некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Од УХМР известуваат дека денес ќе биде променливо облачно,  со  врнежи со  слаб до умерен дожд. Околу пладне на север ќе започне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири особено во Повардарието и ќе биде слаб до умерен. Дневната температура ќе биде во интервал од 8 дo 15 степени.

Во Скопје  ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Околу пладне во делови од котлината ќе започне да дува северен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР известуваат дека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните часови и ќе дува засилен јужен ветер (на места над 70 км/час).

Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2) во форма на невреме.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер.

Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, претежно во западните делови.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер.

Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела врнежи ќе има насекаде, локално пообилни (над 30 л/м2), проследени со силен јужен ветар  (над 70 км/ч), во форма на невреме.

Од понеделник ќе дува северозападен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.