Од УХМР известуваат дека денес ќе се задржи претежно облачно време, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.

Од УХМР известуваат дека денес по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо, облачно и постудено.  Во останатите подрачја сончево и потопло со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а во местата со магла од 5 до 8 степени.

Во Скопје, магливо со значителна ниска облачност и студено. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Од УХМР известуваат дека до четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот.

Од УХМР известуваат дека денес претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Потоа следува период на стабилно и потопло време. По одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Од четврток се очекуваат повремени врнежи од дожд.