Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде претежно сончево сo слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18 а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Т-ра 14 / 33 степени

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната од 26 до 35 степени. УВ=7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во делови од регионот ветерот краткотрајно ќе засилува. Т.мин 16, а Т.макс до 30 степени.

Од УХМР известуваат дека времето денес во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. УВ=7

Во петок се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.