Од УХМР известуваат дека денес во поголемиот дел од земјава ќе настапи стабилизирање на времето, а во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од УХМР известуваат дека и денес ќе биде посвежо и ветровито, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Во вторник ќе настапи постепена стабилизација, но во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно сончево и топло време.

Од УХМР известуваат дека денес и во понеделник околу пладне и попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително опаѓање на дневната температура. Од вторник следува период на стабилно и потопло време.

Од УХМР известуваат дека денес наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Денес, а особено во недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени. Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.