Од УХМР известуваат дека времето денес ќе претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната  од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб о умерен ветер од североисточен правец. Во вторник ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд. Потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на слаб и краткотраен локален дожд.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.