Од УХМР известуваат дека  денес претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.

Во понеделник и вторник, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.