Од УХМР известуваат дека денес претпладне времето ќе биде сончево понекаде со умерена облачност. Од пладневните часови и особено на североисток ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува и западен до југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува.

Во Скопје претпладне сончево со мала облачност. Од пладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови во делови од Скопско за краткотрајна нестабилност.

Од денес попладне следи период со претежно попладневна нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Денес и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во понеделник. Во следниот период дневните температури ќе опаднат па во понеделник само понекаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.