Од УХМР известуваат дека денес претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и град.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме.

До среда во попладневните часови времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и потопло, освен во петок кога ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.