Од УХМР известуваат дека денеска во попладневните часови ќе има ќе има локална нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во југозападниот западните делови на земјава.

Исто така, од УХМР известуваат дека во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.  Од петок времето ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.