Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. До недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.