Печати

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло време за овој период од годината.

Поради високите температури утре вдолж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Во среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сеуште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.

Посети: 26