Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло време за овој период. Од денес  попладне ќе дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час) кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата.

Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени.

Во петок ќе дува засилен северен ветер.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.