Од УХМР известуваат дека времето денес ќе претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната  од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб о умерен ветер од североисточен правец. Во вторник ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд. Потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.