Од УХМР известуваат дека денес изутрина ќе има зголемена облачност, а на југоисток ќе има повремен дожд. Врнежите попладне ќе престанат, а од север облачноста ќе започне да се намалува. Поради постуден воздух кој ќе се прошири од север преку денот ќе остане свежо.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат од неколку степени над нулата и повисоки.