Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната  од 21 до 27 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умрен ветер од југоисточен правец. Т=7/25 степени.

Во петок во раните утрински и претпладневни часови ќе има услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Потоа во наредните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време.