Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Од денес следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.