Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната ќе достигне  од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови, времето во земјава ќе биде стабилно,  суво и релативно топло за овој период од годината. Од петок се  очекува   промена на временската состојба кај нас.