Од УХМР известуваат дека денес ќе преовладува променливо облачно време со умерен до засилен југоисточен ветер. Под влијание на влажен бран во понеделник на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од вторник ќе има пораст на дневната температура.