Од УХМР известуваат дека денес и во петок ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на запад и на југ. Потоа следува период на променливо облачно време, со поинтензивни врнежи во недела. Ќе продолжи периодот на позитивни утрински температури.