Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на истокот. За време на викендот променливо облачно и врнежливо време со повеќе сончеви периоди во сабота, а поинтензивни врнежи во недела. Следува периодот со услови за појава на утринска магла по котлините, но и на позитивни утрински температури.