Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 5 степени.