Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.