Од УХМР известуваат дека времето денес наутро ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини. Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.