Од УХМР известуваат дека претпладне времето денес ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.