Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.