Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната од 30 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.