Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.