Од РЦУК Охрид известуваат дека на 25.06.2019 (вторник) и 26.06.2019 (среда) во период од 20,00 часот до раните утрински часови на територијата на општина Кичево ќе се спроведе превентивна систематска дезинсекција. Доколку не дозволат временските услови дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден.