Струмички регион

Од ТППЕ Радовиш известуваат дека пожарот во реонот на селата Покрајчево и Злеово е активен. Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот учествуваа екипи на ТППЕ Радовиш и ШС „Плачковица“. Екипа на ШС Плачковица беше дежурна во текот на ноќта. На ден 20.08.2019 година од раните утрински часови во гаснење на пожарот се ангажирани ТППЕ Радовиш со 8 пожарникари и 2 ПП возила и ШС „Плачковица“ со 32 вработени и 4 теренски возила.

Од ТППЕ Валандаво известува дека пожарот во реонот на с.Грчиште каде горела нискостеблеста шума и сува трева е локализиран и под контрола. Во гаснењето на пожарот учествувале екипи на ТППЕ Валандово и ШС „Санџак“. На ден 20.08.2019 година од раните утрински часови за гаснење на пожарот се ангажирани ТППЕ Валандово со 3 пожарникари и 1 ПП возило и ШС „Санџак“ со 10 вработени и 2 теренски возила.

               

Штипски регион

Од ТППЕ Кочани известуваат дека во текот на вчерашниот ден нивни екипи од 14:40 часот, интервенираа за гаснење на запалена сува трева помеѓу селата Бање и Спанчево. Поради непристапниот терен пожарот не е изгаснат. Во текот на вечерните часови луѓето се повлечени од терен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.