Битолски регион

Околу 12:40 часот, започнат е шумски пожар во подножјето на Селечка Планина во непосредна близина на Манастирот Св.Димитрија во атар на с.Селце, општина Прилеп. Гори борова шума. Поради големината на пожарот и непристапниоот терен ЕЛС Прилеп бара ангажирање на хеликоптер. Во моментот на терен интервенираат екипи на ТППЕ Прилеп и ШС Црн Бор од Прилеп.

Пожар во атар на с.Зрзе-с.Рилево-с.Маргари, општина Долнени е сеуште активен. Во гаснењето на интервенираат екипи на ТППЕ, ЈКП Комуналец - Прилеп и ЈКП Водовод – Прилеп.

Пожарот кај „Петилеп“ атар на с. Беранци, општина Могила е префрлен преку ридот кон атар на с. Ново Змирнево и с. Црнобуки, општина Битола. Пожарот е повторно активиран од 12.30 часот и се шири према селата Лопатица и Беранци. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипи на ТППЕ Битола, ДЗС Битола, ШС од Битола и ЈП Нискоградба од Битола.

 

Струмички регион

Во близина на с.Ѓопчели место викано Боскија (кај предавателите) пријавен е шумски пожар. Гори нискостеблеста шума и сува трева. Во гаснење учествува екипа на ТППЕ Гевгелија.