Битолски регион

Во текот на вчерашниот ден околу 12:40 часот, започнат е пожар во подножјето на Селечка Планина, во непосредна близина на манастирот Св.Димитрија во атарот на с.Селце (опш.Прилеп). Гори квалитетна борова шума, сува трева, смрека и други култури на поголема површина, а поради големината на пожарот и непристапниот терен ЕЛС Прилеп, во текот на денот бараа ангажирање на хеликоптер. Интервенирале екипи на ТППЕ Прилеп, ШС Црн Бор – Прилеп, Јавните Претпријатија на ЕЛС Прилеп и месно население, како и 2 авиона на ДЗС кои извршиле повеќе налети.

Пожарот во атарот на с.Зрзе – с.Рилево – с.Маргари (опш.Долнени – Прилеп) сеуште е активен. Интервенирале екипи на ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп и ЈКП Водовод и канализација – Прилеп.

Пожарот во атарот на с.Беранци, м.в.Петилеп (опш.Могила) е префрлен преку ридот кон атарите на селата Ново Змирнево и с.Црнобуки (опш.Битола). Интервенирале екипи на ТППЕ Битола,  ДЗС Битола, ШС Битола и ЈП Нискоградба – Битола.

На трите гореспоменати пожарри се продолжува со гаснење и во текот на денешниот ден.

 

Струмички регион

Во текот на вчерашниот ден околу 14:30 часот започнат е пожар во близина на с.Ѓопчели кај м.в.Боскија (опш.Дојран). Гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева. Интервенирале екипи на ТППЕ Гевгелија, ДППД Дојран и ШС Кожув – Гевгелија. Теренот е тешко пристапен. Од раните утрински часови интервенираат екипи на ШС Кожув – Гевгелија.