Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерта на 14.10.2019 година во 21:40 часот регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 127 km југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Струмица.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во околината на Струмица со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.