Од ТППЕ-Прилеп известуваат дека во текот на вчерашниот ден, во 14.05 часот е пријавен шумски пожар во атарот на с.Присад. Гори мешана шума од даб и смрека. ТППЕ Прилеп интервенирале со 6 пожарникари и 2 теренски возила. Пожарот е со два краци од кои едниот е према с.Присад а другиот према манастирот Св.Ѓорѓија. Пожарот сеуште е активен. Од ЈП Македонски шуми за ден 16.10.2019 година е планирана група од неколку вработени со теренско возило да замини на местото на пожарот.