Од каменоломот „Говрлево“, сопственост на цементарница Усје известуваат дека на ден 15.10.2019 год. (вторник), во периодот од 09:00 до 11:00 часот, фирмата МАК ДРИЛ Кавадарци ќе изврши минирање.

Од АД за неметали Огражден – Струмица известуваат дека во деновите 14.10. и 15.10.2019  година од 09.00 до 17.00 часот ќе вршат минирање на рударскиот коп Хамзали.

Од Рудпроект известуваат дека на ден 16.10.2019 (среда) во периодот од 09:00 до 16:00 часот на површинскиот коп Превалец 1, општина  Велес, ќе вршат минирање.

Од рудници Бањани известуваат дека во текот на месец Октомври, во работните денови, во периодите помеѓу 09:00 – 10:00 часот, и помеѓу 13:00 – 14:00 часот, ќе извршат по 2 – 3 минирања.