Од Македонски железници известуваат дека поради ударот на воз во одрон помеѓу железничките станици Рајко Жинзифов и Велес, железничкиот сообраќајна нa линиите Скопје – Велес, Скопје – Велес – Битола и Скопје – Велес – Кочани бил во прекин од 16:30 часот на ден 29.01.2019 година до 18:15 часот на ден 30.01.2019 година.

Патниот правец опш.Ранковце – с. Грман поради навеви од снег  е  прооден само за теренски возила. Се очекува во текот во текот на денешниот ден истиот да се расчисти со механизација.

Патот кон с.Гошице и с.Лукаре е непрооден (блокиран) од снегот кој на некои места има наноси од 40 до 50 сантини.

Во општина Липково, потот кон с.Гошице и Лукаре е непрооден (блокиран) од снегот кој на некои места од наноси изнесува 40 до 50 сантиметри. Од ЈКП за зеленило и чистота -ПИША известуваат дека е потребен Булдужер гусеничар и дека денес или во следните денови ќе се интервенира.

Во извештаите од АМСМ и Македонија пат добиени во 06:00 часот на ден 22.12.2018 година, се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по по наместа влажни коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Д. Капија, Велес – Штип, Велес – Катланово, од 10 – 20 метри на патниот правец Скопје – Тетово и од 30 – 50 метри на патниот правец Тетово – Гостивар.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.