Поради одронот на земјиште и камења кај рибникот Саваро во близина на с. Истибања, патниот правец Кочани – Македонска Каменица сеуште е непрооден. Сообраќајот се одвива по алтернативни патишта т.е. за патнички и полутешки моторни возила преку Виница –Бигла – Делчево додека за тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево. Чистењето на одронот се одложува бидејќи местото не е безбедно поради можни нови одрони а предвидено е надлежните субјекти да продолжат со активности во наредните денови за санација на местото на одронот.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 13.07.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Патниот правец село Исти Бањи-брана Калиманци км.259+300 затворен е за сообраќај за сите категории на возила . Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива праку  Виница-Бигла –Делчево,а за теретни моторни возила од сите категории Виница-с Смојмирово-Делчево.

Во извештајот добиен од АМСМ во 06:20 часот на ден 02.07.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.