Во извештаите добиени од Македонија Пат и АМСМ во 06:10 часот на ден 06.02.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на Македонија Пат. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, додека за автобуси и комбиња е задолжителна зимска опрема.

Поради интензивни врнежи од снег,силен ветер и намети, на патниот правец Тетово – П.Шапка се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар се укинува во 11:20 часот.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се укинува во 09:05 часот.

 

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува во 07:50 часот.