Во извештајот добиен од АМСМ во 06:20 часот на ден 19.05.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од 20.05.2019 година на патниот правец Р2234 Јегуновце – Радуша ќе се изведува надградба на коловозот со нов асфалт во времетраење од 30 дена.

Известуваат и дека на неколку други места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.