Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 21.05.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.