Во извештајот добиен од АМСМ во 07:00 часот на ден 16.08.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Вијадукт Трејд известува дека од 14.08.2019 до 17.08.2019 година ќе се изведуваат  градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, наплатна станица Глумово - Скопје, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Забраните за движење на тешки товарни возила, на државните патишта и на магистралниот пат, Скопје – Охрид – Скопје се на сила до 01.09.2019 година и истата важи за време на викендите во одредени временски интервали.

АМСМ известува и дека на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.