Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 19.08.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Виадукт Трејд исвестува дека на ден 19.08.2019(денес)  ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар - Тетово во времетраење од 2(дена) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај Исто така, Виадукт Трејд известува дека на ден 19.08.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец - Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.